Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Промоција на поезија на словенечкиот амбасадор Јазбец објавена на македонски и словенечки јазик

Промоција на поезија на словенечкиот амбасадор Јазбец објавена на македонски и словенечки јазик

1 min read

Скопје, 8. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Во рамките на одбележувањето на Прешерновиот ден, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје, вечерва од 19:30 часот, ќе биде промовирана поетската книга „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ од Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Република Словенија во Република Македонија.

Книгата е објавена на словенечки и на македонски јазик во препев на Викторија Блажевска и Соња Должан. За најновото дело на авторот ќе говори проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска.

– Сите песни на Милан Јазбец извираат од една љубов. А, таа љубов може да се сфати како љубов кон саканата, кон предците и потомците, кон татковината, констатира Раде Силјан во предговорот на изданието.

Збирката песни „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ е двојазично македонско-словенечко издание и е публикувана од страна на издавачките куќи „Матица македонска“ од македонска и „Форма 7“ од словенечка страна. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Зголемен приливот на бегалци на грчките острови
Next Јункер на 25-ти февруари доаѓа во Македонија

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.