Струга, 30. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Пронајдена и одземена марихуана кај лице од Струга.
– На 29-ти јануари 2025 во 21:10 часот во струшката населба „Плитишта“, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга лишија од слобода 46 годишно лице од Струга затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
