Загреб, 22. август 2015 (ИНПРЕС) – Хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ изјави дека мора да се испрати итна помош за Република Македонија, која се соочува со огромен бран бегалци.
– На Македонија и на бегалците, кои се наоѓаат во пограничната зона меѓу Грција и Македонија, треба да им се помогне, и Хрватска треба нешто да направи, рече Пусиќ.
Таа додаде дека ќе го покрене ова прашање за време на средбата за Западен Балкан во Виена која ќе се одржи во четврток. На неа ќе учествуваат и Словенија, Австрија и Германија.
– Истото ќе го направиме и за време на министерскиот состанок на ЕУ во Луксембург на 4-ти септември, напомена Пусиќ.
Пред два дена на јужната и северната граница на Република Македонија беше прогласена вонредна состојба. Само за 2 месеци од соседна Грција во земјата пристигнаа над 44.000 луѓе. Сите тие доаѓаат организирано со автобуси до граничниот премин кај Гевгелија. (Крај)
извор: Хина фото: архива
