Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Пуштен во употреба концептот „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане

Пуштен во употреба концептот „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане

1 min read
Пуштен во употреба концептот „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане

Струга, 31. јули 2023 (ИНПРЕС) – Од денеска е пуштен во употреба концептот „Оne Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане со Република Албанија, односно заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување.

Со овој концепт овозможуваме благосостојба на нашите граѓани во Македонија и Албанија, посилни економски партнерства и поефикасна соработка меѓу компаниите, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

Можно е да е слика од 5 луѓе

– Денес овозможуваме побрз проток на нашите граѓани, помеѓу двете држави и побрз проток на компаниите кои што транспортираат производи на најголемиот граничен премин помеѓу двете држави.Со ова се олеснува работата на 11 илјади компании од нашата држава кои се ориентирани кон извоз, кои се ориентирани кон трговија со други држави. На овој начин означуваме полесен пристап до пристаништата во Албанија. На овој начин овозможуваме полесен пристап и до туристичките места во Албанија, меѓутоа и до туристичките места во Македонија. Најубавите се тука токму на неколку километри од овој граничен премин. Со концептот на интегрирано гранично управување исполнуваме уште една обврска од проектот за интеграција на Македонија и Албанија како на регионално така и на европско ниво. Ние промовираме европски вредности и практики како придонес кон наше што побрзо членство во Европската Унија, рече премиерот Ковачевски.

Можно е да е слика од 7 луѓе и костум

Додаде дека „One-stop-shop“ е придонес и кон забрзан регионален економски раст и развој, повисок степен на хармонизација на граничните контроли и поуспешно откривање на нелегални прекугранични активности.

На ова претходеше потпишување на последниот Протокол за спроведување на Договорот за воспоставување на заеднички граничен премин меѓу двете земји, меѓу првите луѓе на македонската и албанската царинска управа. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Се поставува атмосферска канализација и хидрантска мрежа во ОСУ „Св. Климент Охридски“
Next Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 31. степени

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.