Охрид, 17. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Утре во библиотеката на ОСУ „Св.Климент Охридски“ од 12:30 часот ќе се одржи работилница за знаковен јазик.
Настанот е во организација на младинската заедница при гимназијата, а во рамките на кампањата „Јас се грижам!“ и по повод одбележувањето на месец февруари – месецот на ретките болести. Работилницата се реализира во соработка со Здружението за глуви и наглуви лица – Охрид, кое преку практични примери и интерактивен пристап ќе ги запознае учениците со основите на знаковниот јазик и со значењето на правилната комуникација со лицата со оштетен слух.
Присутните ќе имаат можност да научат основни знаци и изрази, да се запознаат со предизвиците со кои се соочуваат глувите и наглувите лица, но и да развијат поголема емпатија, разбирање и почит кон различностите во нашето општество. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
