Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Работилница за изработка на ѕвездите за Бадниковата поворка

Работилница за изработка на ѕвездите за Бадниковата поворка

1 min read
Работилница за изработка на ѕвездите за Бадниковата поворка

Охрид, 27. декември 2024 (ИНПРЕС) – Утре во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржи работилница за изработка на ѕвездичките што ќе ги носат дечињата учесници во Бадниковата поворка.

Работилницата ќе започне во 12:00 часот.

– Ќе ја пееме „Вечниот Бог“ и ќе изработуваме ѕвезди. Најмили охриѓани ве очекуваме, порачуваат од Бадникови поворки Охрид.

Во меѓувреме продолжуваат пробите за Бадниковата поворка 2025 во Охрид.

Овојпат интерсот е поголем од претходно, а покрај од Охрид и околината ќе учествуваат и дечиња од Дебрца. Се очекува околу 2.000 деца на 6-ти јануари низ охридските улици да ја пеат песната „Вечниот Бог“, носејќи ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата Деница што го покажала патот на мудреците до пештерата.

Поворката ќе тргне од црквата „Св. Ѓорѓија“ (Горна Влашка маала) во 10:30 часот, ќе се движи по улицата „Јане Сандански“, продолжува по булевар „Туристичка“, па по охридската чаршија и ќе заврши на Градскиот плоштад каде на учесниците ќе им бидат поделени и пригодни подароци.

На Градскиот плоштад веќе е поставена Бадниковата пештера која наликува на онаа во Витлеем каде што е роден спасителот Исус Христос(Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Две детски претстави во рамки на програмата „Охридска новогодишна приказна“
Next Со сослушување на двајцата обвинети продолжи судскиот процес за случајот Пендиков

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.