Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Распишан ликовен и литературен конкурс на тема „Со плодови во топлите есенски бои исполни ги дланките свои“

Распишан ликовен и литературен конкурс на тема „Со плодови во топлите есенски бои исполни ги дланките свои“

1 min read

Охрид, 5. септември 2023 (ИНПРЕС) – Општина Охрид во соработка со охридските основни училишта распиша ликовен и литературен конкурс на тема „Со плодови во топлите есенски бои исполни ги дланките свои“.

– Човештвото се соочува со намалување на зелените површини,а целта на овој проект е унапредување на просторот со зеленило и цветни површини со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на воздухот, подобрување на квалитетот на живот во градските подрачја и унапредување на животната средина, стои во конкурсот.

Овој еко проект е по повод одбележување на Есенската рамноденица – почеток на есента, 23-ти септември. Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Охрид.

Секое дете има право да учествува со по еден труд (ликовен или литературен).
Вкупниот буџет за реализација на проектот е 30.000 денари. Прво наградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 7.000 денари, второ наградените по 5.000 денари и трето наградените по 3.000 денари еднократно.

Пријавите по наведениот конкурс да се достават најдоцна до 25. септември, до 12:00 часот, во архивата на Општина Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањето на улиците „Егејска”, „7.Ноември“ и дел од „Марко Нестороски“
Next Во Охрид денес променливо облачно време со температура до 22. степени

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.