Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • РЦСОО „Ванчо Питошески“ и Охрид домаќини на Меѓународниот натпревар на ученици од угостителски и туристички училишта GATUS 2023

РЦСОО „Ванчо Питошески“ и Охрид домаќини на Меѓународниот натпревар на ученици од угостителски и туристички училишта GATUS 2023

1 min read
РЦСОО „Ванчо Питошески“ и Охрид домаќини на Меѓународниот натпревар на ученици од угостителски и туристички училишта GATUS 2023

Охрид, 25. септември 2023 (ИНПРЕС) – Од 28-ми септември до 1-ви октомври Охрид преку Региониот центар за средно стручно образование „Ванчо Питошески” ќе биде домаќин на 11. Меѓународен натпревар на ученици од угостителски и туристички училишта – GATUS 2023.

Ќе се натпреваруваат околу 200 учесници од 15 училишта од земјите од поранешна Југославија. Во Охрид доаѓаат ученици од Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија), Опатија, Осиек и Сплит (Хрватска), Бања Лука и Предор (Босна и Херцеговина – Република Серпска), Белград, Смедерево и Лесковац (Србија), Бар и Херцег Нови (Црна Гора) и Охрид, Македински Брод (Република Македонија).

Нема опис за фотографијата.

Натпреварите ќе се одвиваат во хотелот „Метропол – Белви“, а ќе бидат во дисциплините угостителско послужување и подготовка на туристички аранжман, со посебен акцент на планинскиот, рурален туризам.

Нема опис за фотографијата.

На отворањето ќе се обратат претставник на Министерството за образование и наука, на локалната самоуправа од Охрид, како и директорот на РЦССО „Ванчо Питошески”, Марјан Радески.

На најдобрите и највештите учесници – ученици и ментори, ќе им бидат доделени златни и сребрени признанија.

Минатата година GATUS се одржа во Словенија, а охридските ученици имаа забележителен успех со освоени 2 сребрени и 1 бронзен медал. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Завршна работилница на пилот проектот за граѓанска наука на НП „Галичица“
Next Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 25. степени

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.