Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • САД, Бугарија и Романија ќе одржат голема воена вежба во Црното Море

САД, Бугарија и Романија ќе одржат голема воена вежба во Црното Море

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Букурешт, 25.мај 2015 (ИНПРЕС) – Дванаесет романски воени бродови, американски разурнувач и бугарски брод, како и околу 1.500 војници ќе учествуваат од денеска до 28. мај во воената вежба „Посејдон Тризабец 2015“ во територијалните води на Романија и во меѓународните води на Црното Море.

Вежбата има за цел да ја зајакне соработката меѓу силите на НАТО во услови на различни закани во рамки на операција за одговор при кризи, вклучувајќи и акција за евакуација на цивили од зона на конфликт, која ќе се спроведе на военото пристаниште Костанца на 27 мај, се наведува во соопштението на Романските воено-поморски сили

„Посејдон Тризабец 2015 “ е вежба, која е замислена, организирана и раководена од Романските воено-поморски сили, а во делот на евакуација на цивили ќе учествуваат и сили на Инспекторатот за вонредни ситуации во Добруџа, на Крајбрежната стража, на Групата за нафтени услуги и на Медицинската дирекција.

Бугарскиот воен брод се вкотвил во пристаништето Костанца во петокот.

Американскиот воен разурнувач со ракети „Рос“ и американскиот ескадрен миноносец заедно со романските бродови денеска ќе излезат на отворено море каде ќе извршуваат заеднички манври. (Крај)

извор: B92 фото: архива

Post navigation

Previous Заштитените подрачја на Балканот под ризик
Next Главниот обвинител на Хашкиот трибунал во посета на Белград

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.