Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Самарас и Меркел следната недела на разговори и за спорот со името

Самарас и Меркел следната недела на разговори и за спорот со името

Берлин, 19. септември 2014 (ИНПРЕС) – Грчкиот премиер Андонис Самарас следната недела во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.

Со најавата на средбата, грчките медиуми почнаа да шпекулираат и за можните теми на разговор меѓу премиерите на Грција и Германија, јави МИА од Атина.

Весникот „Елефтеротипија“ пишува дека покрај тоа што е најавено дека на работниот ручек ќе се разговара за економската ситуација во Грција, на маса ќе бидат и прашања од европската и надворешната политика.

– Второто (надворешната политика), со оглед на притисокот кој Берлин во последно време го врши за интеграција на Скопје во НАТО и ЕУ без претходно да се реши прашањето за името, покренува прашања. Атина секако, не признава дека на средбата ќе има таква тема, а сигурно ќе се дискутира и за кризата во Украина, пишува „Елефтеротипија“.

Средбата на Самарас со Меркел се оценува како еден од најважните состаноци за време мандатот на грчкиот премиер и е со цел да најде заеднички став со германската канцеларка по прашањето за грчката програма за реформи и дополнително олеснување на долгот на Атина. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous Закана за поставена бомба во два суда во Белград
Next Папата утре пристигнува во Албанија

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.