Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Селото Скребатно се подготвува за прославување на празникот Успение на Пресвета Богородица

Селото Скребатно се подготвува за прославување на празникот Успение на Пресвета Богородица

1 min read

Охрид, 25. август 2023 (ИНПРЕС) – И оваа година убавото охридско село Скребатно се подготвува за достојно одбележување на празникот Успение на Пресвета Богородица.

Илјадници верници по традиција на 28-ми овој месец, ќе дојдат во Скребатно каде ќе се помолат во храмот на Пресвета Богородица, по што за сите ќе биде поделен традиционалниот ручек кој се служи во оваа црква.

На празникот Успение на Пресвета Богородица во кругот на обновената црква во Скребатно се подготвува и дели ручек за 5.000 луѓе, со што се продолжува заветот даден пред повеќе од два века.

skrebatnopodgotovki3

skrebatno20173

Тоа е голем црковно-народен собир посетен од 7-8 илјади домашни и гости од странство, на кој во кругот на обновената црква „Св. Богородоца“ се подготвува и дели ручек. Необично во целата приказна е што Голема Богородица, како што народот го нарекува големиот христијански празник, толку масовно се празнува во планинското село кое одамна е напуштено и нема ниту еден постојан жител.

Собирот во секој негов дел секогаш е одлично организиран, уредени се паркинзи и важи посебен сообраќаен режим за празникот што ги поштедува гостите од застои. Се служи манастирска ракија и храна, а секогаш е весело со ора и изворна музика.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Свечено отворенo 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“
Next Претставени учесниците на 36. Охридски пливачки маратон

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.