Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Сергеј е многу глупав“ нова премиера на охридскиот народен театар

„Сергеј е многу глупав“ нова премиера на охридскиот народен театар

1 min read

Охрид, 7. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Охридскиот народен театар најавува нова премиера.

Се работи за претставата „Сергеј е многу глупав“ од авторот Дмитриј Данилов, а во режија на Дејана Николовска.
Во претставата „Сергеј е многу глупав“ се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот
на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер.

– Навидум едноставна животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација. Курири–доставувачи,
неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по
што ќе му дадат пратка со непозната содржина. Од овој момент па натаму, започнува надреалистично шоу кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив. Серјожа не е глупав. Тој е типичен млад обрaзован човек,
продукт на еден систем и наедно време. Тој го разбира животот на одредено ниво, како и повеќемината од нас.Тој се плаши од ирционалното кое, кога ќе влезе во нашите животи, треба да се третира соодветно. Во спротивно, може да остави несогледливи последици по животот. Што би направиле вие на местото на Сергеј? Дали би ја отвориле пратката?, е дел од содржината на претставата.

Актерот Никола Тодороски ќе го видиме во улогата на Сергеј, првиот курир е Стрезо Стаматовски, вториот курир е Горан Стојаноски, третиот е Филип Кипровски, а во улогата на Маша ќе ја видиме Елизабета Стефановска.

Премиерата на претставата „Сергеј е многу глупав“ е закажана за петок, 9-ти јуни со почеток во 20:00 часот, а цената на билетот е 250 денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Курт: Македонските аеродроми се движат кон своите највисоки нивоа на патнички сообраќај
Next В понеделник почнуваат Петровденските пости

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.