Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Си-eн-eн: Кинески хакери го прислушувале мобилниот телефон на адвокатот на Трамп

Си-eн-eн: Кинески хакери го прислушувале мобилниот телефон на адвокатот на Трамп

1 min read

Аталанта, 8. ноември 2024 (ИНПРЕС) – ФБИ неодамна го извести Тод Бланш, еден од главните адвокати на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, дека кинески хакери го прислушувале неговиот мобилен телефон. Хакерската операција беше насочена кон истакнати републиканци и демократи и трае веќе неколку месеци, изјавија извори за Си-eн-eн.

Хакерите дошле до одредени гласовни снимки и пораки од телефонот на Бланш, но ниту една информација не била поврзана со Трамп. По хакирањето, Бланш мораше да го смени телефонскиот број.

Си-ен-ен претходно објави дека слична закана била упатена до адвокатката Линдзи Халиган како дел од иранските хакерски напади. Кинески хакери исто така целеле и на Трамп, потпретседателот Џеј Ди Венс, Џаред Кушнер, Ерик Трамп, членови на кампањата Харис-Валц и членови на администрацијата на Бајден.

Софистицираната операција, која вклучува упади во телекомуникациските компании AT&T, Lumen и Verizon, предизвика загриженост кај американските официјални лица за пристапот до записите за повици и комуникациите на истакнати американски функционери. Кинеската влада ги негира обвинувањата дека е одговорна за хакирањето. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

Post navigation

Previous Свикана 48. седница на Советот на Општина Охрид
Next Австралија забранува социјални мрежи за деца помали од 16 години, родителите воодушевени

Слични вести

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник” 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”
1 min read

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид
1 min read

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88 Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88
1 min read

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.