Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Собранието утре ќе ја одржи конститутивната седница

Собранието утре ќе ја одржи конститутивната седница

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 27. мај 2024 (ИНПРЕС) – Утре со почеток во 11:00 часот ќе се одржи констутитивната седница на новиот состав на Собранието на Република Македонија.

Според Деловникот за работа, ќе претседава највозрасниот пратеник, а во новоизбраниот состав тоа е пратеничката Мерита Колчи Коџаџаку. На седницата ќе има три точки избор на верификациона комисија, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието, а седницата може да трае до три дена.

Извесно е дека во собраниските столчиња ќе седнат 119 народни избраници што ги добија уверенијата. Државната изборна комисија денеска треба да одлучува по приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето на ИМ 2101 во село Ларце во Општина Желино.

Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на Парламентарните избори 2024 Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, додека Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати.

Во новиот парламентарен состав тројца пратеници од Охрид, Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, седнуваат во собраниските клупи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Крводарителска акција утре во Центарот за култура „Григор Прличев“
Next Продолжува партерното уредување на тротоарските површини на улицата „Димитар Влахов“

Слични вести

Атлетичарите Стефановски и Љушев со одлични резултати на турнирот и националниот Куп во Скопје Атлетичарите Стефановски и Љушев со одлични резултати на турнирот и националниот Куп во Скопје

Атлетичарите Стефановски и Љушев со одлични резултати на турнирот и националниот Куп во Скопје

Таеквондисти од МТТФ учествуваат на Европско ИТФ првенство во Грција Таеквондисти од МТТФ учествуваат на Европско ИТФ првенство во Грција

Таеквондисти од МТТФ учествуваат на Европско ИТФ првенство во Грција

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.