Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Со македонски пасош без визи може да се патува во 125 земји во светот

Со македонски пасош без визи може да се патува во 125 земји во светот

1 min read

Лондон, 11. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Македонскиот пасош е рангиран на 44-то место според индексот на „Хенли Паспорт“ за 2023 година, и со него без визи може да се патува во 125 земји во светот.

Македонија бележи напредок од една позиција во однос на лани кога беше позиционирана на 45 место.

Од земјите во регионот, најдобро рангиран е грчкиот пасош на осмото место и со него може да се патува во 185 земји, а словенечкиот е на 11 позиција (182 земји). По нив следуваат бугарскиот и хрватскиот на 18 (174), српскиот е 38 (136), црногорскиот 45 (124). Пасошот на Босна и Херцеговина е на 49 место (118 земји), на Албанија на 51 (115), а на Косово е рангиран како 101 (41).

На врвот на листата на Хенли Паспорт се јапонскиот, сингапурскиот, јужнокорејскиот, шпанскиот, германскиот, италијанскиот, како и пасошите на скандинавските земји. На дното, пак, се патните исправи на Сирија, Ирак и Авганистан со кои без визи може да се патува во само во двесеттина земји во светот.

Индексот на „Хенли Паспорт“ го споредува безвизниот пристап на 199 различни пасоши со 227 дестинации за патување.

Индексот на „Хенли Паспорт“ е оригинално, авторитативно рангирање на сите пасоши во светот според бројот на дестинации на кои нивните сопственици можат да пристапат без претходна виза. Индексот се заснова на ексклузивни податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) и подобрен од истражувачкиот тим на „Хенли и Партнерс“. (Крај)

извор: 360 степени фото: архива

Post navigation

Previous Продолжен распустот за учениците, второто полугодие почнува на 23-ти јануари
Next Превентивна кампања во Охрид и Струга „ Биди одговорен возач- не користи мобилен телефон“

Слични вести

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник” 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”
1 min read

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид
1 min read

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88 Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88
1 min read

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.