Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Со „Светот на Биби“ денес започнува новогодишната програма на градскиот плоштад во Охрид

Со „Светот на Биби“ денес започнува новогодишната програма на градскиот плоштад во Охрид

1 min read
Со „Светот на Биби“ денес започнува новогодишната програма на градскиот плоштад во Охрид

Охрид, 28. декември (ИНПРЕС) – Со „Светот на Биби“ денеска на градскиот плоштад во Охрид започнува новогодишната програма што ја организира локалната власт.

Утре на плоштадот ќе се одржи театарската претстава „Ракавиците на Дедо Мраз“, а на 30-ти декември е детската претстава „Далматино и Дедо Мраз“.

На 31-ви декември на плоштадот ќе биде одржан музичко – театарскиот спектакл за деца и млади „Новогодишна детска бајка“.

Сите случувања што се дел од новогодишната програма, а се посветени за најмладите започнуваат во 12:30 часот.

На плоштадот веќе се поставени сцените за предвидената забавна програма.

За забавниот дел на дочекот на новата година в недела на градскиот плоштад во Охрид ќе се погрижат диџеите Jana Slayy и Багзи, Татијана Стефановска, групата DNK, Нино Величкоски и групата „Фортуна“. Почетокот е закажан за 21:00 часот.

За забавниот дел на дочекот на новата година в недела на градскиот плоштад во Охрид ќе се погрижат диџеите Jana Slayy и Багзи, Татијана Стефановска, групата DNK, Нино Величкоски и групата „Фортуна“. Почетокот е закажан за 21:00 часот.

На 1-ви јануари точно на пладне ќе настапат групата Balkan Jam и Драган Мијалкоски.


Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија, подготвен ги очекува домашните и странските гости кои ќе го посетат за Нова година. Украсен и традиционално преубав и годинава ги отвора вратите за сите вљубеници во него.

Угостителите веќе најавија солидна исполнетост, а се очекуваат гости пред се од соседните земји, но и бројни домашни посетители, кои ќе уживаат во преубавиот Охрид за време на новогодишните, но и за останатите празници кои традиционално траат се’ до големиот христијански празник Богојавление Водици и Денот на рибарите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/архива

Post navigation

Previous НП Галичица потпиша нов тригодишен договор со PONT
Next Новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патче“ на градскиот плоштад

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.