Белград, 8. септември 2014 (ИНПРЕС) – Србија е најсиромашната земја во Европа, покажаа резултатите од истражувањето на српскиот статистички институт.
На прагот на сиромаштија во Србија живеат 1,8 милиони луѓе, што значи дека секој четврти жител е сиромав. Земјата е на прво место со 24,6 отсто од населението кое живее на прагот на сиромаштијата. Грците живеат за нијанса подобро со 23,1% од жителите во крајна сиромаштија. На трето место е Романија со 22,6%, следува Шпанија со 22,2%, а Бугарија е петта со 21,2% сиромашно население.
– Границата на сиромаштијата во 2012 година беше малку над 115 евра за секое домаќинство во Србија. За трочлено семејство е 241 евра, објасни Тијана Томиќ од Националниот статистички институт на Србија.
Денес околу половина од Србите едвај составуваат крај со крај. Во јули социјална помош во износ од 1,1 милијарди динари била исплатена на 267.000 луѓе.
Најниската плата во земјата е 7.700 динари. (Крај)
извор: Танјуг фото: архива
