Тирана, 23. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Србија и Албанија наскоро ќе потпишат договор за соработка во областа на туризмот.
Тоа го договорија министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ и министерот за туризам на Албанија, Бленди Клоси.
– Договорот ќе биде основа за јакнење на билатералните односи во областа на туризмот, но и за заеднички настап на трети пазари, се наведува во соопштението на српското Министерство за туризам.
Љајиќ и Клоси се согласиле дека двете земји, како и целиот регион на Западен Балкан, мора да работат и на креирање заеднички туристички производи, со цел привлекување гости од далечните пазари, пред се Кина, Индија и Иран. (Крај)
извор: Нова Македонија фото: архива
