Белград, 19. ноември 2015 (ИНПРЕС) – На преминот Табановце синоќа првпат после подолго време останале околу 300 бегалци и не го продолжиле патот преку Србија.
Тие тука ноќта ја минале затоа што српските власти почнале да вршат подетални контроли за тоа кои се бегалци од воените жаришта, а кои се економски мигранти кои ја користат бегалската рута кон земјите на Европската Унија.
Српските гранични власти ги пропуштаат само граѓаните од Сирија, Ирак и Авганистан. По случувањата во Париз, Србија најави дека ќе го зголеми присуството на војската и полицијата на своите граници и ќе го ограничи протокот на мигранти.
Претставници на УНХЦР вчера пристигнале на граничниот премин Табановце меѓу Македонија и Србија. (Крај)
извор: Мкд.мк фото: архива
