Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Сретен Јоциќ ослободен од обвинувањата за убиството на Иво Пуканиќ

Сретен Јоциќ ослободен од обвинувањата за убиството на Иво Пуканиќ

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Белград, 2. март 2015 (ИНПРЕС) – Апелациониот суд во Белград го ослободи Сретен Јоциќ, познат како Јоца Амстердам од сите обвиненија за убиството на хрватскиот новинар Иво Пуканиќ.

Тој беше обвинет за организирање на атентатот на хрватскиот новинар и сопственик на списанието „Национал“ Иво Пуканиќ. Второ-обвинетиот во случајот Жељко Миловановиќ доби казна затвор од 40 години. Тој се смета дека е директен извршител на атентатот.

– Случајот со третото лице кое беше вмешано во убиството Миленко Кузмановиќ се враќа на Специјалниот суд во Белград, објавија од Апелациониот суд.

Адвокатот на Сретен Јоциќ Драгош Чукавац изјави за белградското списание „Блиц“ дека неговиот клиент најверојатно ќе ја тужи државата бидејќи бил 4 години во затвор во тоа дело.

– Нашата цел не е да добиеме парична компензација. Ние сакаме одлежените години во затвор да му се сметаат за другото дело и така да излезе порано на слобода, изјави Чукавац.

Сретен Јоциќ беше уапсен за убиството на Иво Пуканиќ во април 2009 година. Јоциќ издржува и друга 15-годишна затворска казна за убиството на Горан Марјановиќ во 1995 година, казна која му беше намалена за една третина.

Иво Пуканиќ и директорот на рекламниот оддел во списанието „Национал“ Нико Фрањиќ беа разнесени од бомбата која експлодира во дворот на редакцијата во центарот на Загреб во октомври 2008 година. (Крај)

извор: Блиц фото: архива

Post navigation

Previous Москва: Балканот да одлучи како ќе добива гас
Next Јункер: Ципрас да им каже на Грците дека предизборните ветувања се неодржливи

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.