Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Српската народна партија бара ограда на границата со Македонија

Српската народна партија бара ограда на границата со Македонија

Белград, 17.август 2015 (ИНПРЕС) – Српската народна партија (СНП) смета дека Србија треба да подигне ѕид на границата со Македонија, бидејќи само така може да го спречи неконтролираниот прилив од најмалку 2.000 луѓе кои секој ден од Блискиот Исток и северна Африка пристигнуваат во земјата.

– Веќе е време да почнеме да се однесуваме како секоја земја од западна Европа, која на прво место го става својот, а не туѓиот интерес – се наведува во соопштението на СНП, потсетувајќи на заштитната ограда која Унгарија ја поставува на границата со Србија.

Од партијата потсетуваат дека според дефинициите на ОН и ЕУ, „бегалци се оние кои бегаат од војна, азиланти се лица кои се загрозени во татковината поради своите политички ставови, а мигранти се оние кои се преселуваат во потрага по подобар живот“.

– Во Србија немаме официјален став за која категорија луѓе станува збор, освен што секојдневно пристигнуваат алармантни вести од официјални кругови дека до крајот на годинава ќе бидат поднесени 100.000 барања за азил, што нас ќе не чини дополнитилни 150 милиони евра, а во јужниот дел од земјата ќе се гради монтажен град за дури 400.000 азиланти – се додава во соопштението на партијата.

Според партијата, поради гарантирање на сопствената безбедност, Србија оваа ситуација мора веднаш да почне да ја третира како вонредна и да преземе мерки кои не се вообичаени при нормален прилив на мигранти, како што е многу силна контрола на границите со помош на војската и на другите надлежни служби. (Крај)

извор:Инпрес фото:архива

Post navigation

Previous Борисов: Бугарија губи милијарди левови од шверц на горива
Next Догодина почнуваат сондажите за гас и нафта крај бугарскиот брег на Црното Море

Слични вести

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник” 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”
1 min read

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид
1 min read

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88 Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88
1 min read

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.