Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Тачи – Македонија и Грција да го следат примерот за договор како Приштина и Белград

Тачи – Македонија и Грција да го следат примерот за договор како Приштина и Белград

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 22. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Старите проблеми треба да се остават на страна и да се мисли на иднината, рече заменик претседателот на косовската влада и министер за надворешни работи Хашим Тачи кој е во официјална посета на Македонија.

– Даваме исто така поддршка за изнаоѓање на решение околу спорот меѓу Македонија и Грција. Како модел за постигнување на договор може да послужат и напорите кои ги прават Приштина и Белград. За постигнување на таков договор треба едноставно старите спорови да се остават во минатото и да се гледа кон заедничката иднина, рече Тачи.

Запрашан за тоа дали косовските власти имаат сознание за италијанска група која врбува Албанци за боиштата во Сирија, Тачи рече дека Косово претставува добар пример за делување против овие групи.

– Се разбира не можеме да останеме имуни на ваквите настани и на ваквиот опасен феномен, како и да е имаме воспоставено добра регионална соработка во насока на сузбивање на ова и ќе продолжиме со тие напори.
На средбата се разговарало и за поблиска соработка во делот на инфраструктурата. Тачи напомена дека од косовска страна веќе се работи на автопатот Приштина -Скопје, инвестиција вредна околу 600 милиони евра, а тој очекува и македонската страна наскоро да почне да работи на делницата. (Крај)

извор: МИА/Р.С.Европа фото: архива

Post navigation

Previous Ердоган: Муслиманите да се обединат против западното влијание
Next Ципрас ги повика гласачите во недела да дадат поддршка на Сириза

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.