Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Точков: Задоволителен одзив за вакцинација против сеознски грип

Точков: Задоволителен одзив за вакцинација против сеознски грип

1 min read

Охрид, 1. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Задоволителен е досегашниот одзив за вакцинација против сезонски грип, вели за Супер радио и InPress директорот на Центарот за јавно здравје, Сашо Точков.

Вакцинацијата започна минатата среда, а на дневно ниво се имунизирале 130 до 140 луѓе преку Мој термин и со комерцијални вакцини. Точков вели дека термините се почитуваат, а вакцини има доволно.

– Сите оние кои се пријавиле преку електронската апликација дошле во својот термин, запазен е редоследот, нема никој одбиен, секој кој пројавил интерес може слободно да дојде и секој ќе биде вакциниран, има доволен број на вакцини. Има одзив и примање комерцијална вакцина, цената е 700 денари и не е потребно претходно пријавување. И бесплатните и комерцијалните вакцини се исти, висококвалитетни четиритипни, истакна Точков.

Интересно е, додава Точков, дека и лицата кои спаѓаат во ризичните групи и за кои вакцината е бесплатна (лица постари од 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години) доаѓаат и примаат комерцијална вакцина.

Започнува бесплатното вакцинирање против сезонски грип во Охрид

За пациенти кои поради здравствени причини не можат да дојдат на пунктот за вакцинација, мобилна екипа на Центарот за јавно здравје Охрид врши вакцинација во домашни услови, а ваква можност нудат и екипите на Здравствен дом Охрид.

– Ние примаме и овде пријави и во Здравствен дом се примаат. Имаме ние наши пациенти што ги вакцинираме во домашни услови, што се инвалиди, неподвижни, екипите на Центар за јавно здравје се на располагање, но дополнително и екипите на Здравствениот дом, исто мобилни тимови, одат во домовите на оние лица кои не можат да дојдат во пунктот. Сѐ е тоа во координација со нашите епидемиолошки тимови, така што секој кој има потреба нека се јави или кај нас или во Здравствен дом, потенцира Точков.

Инаку заинтересираните за примање вакцина може и понатаму да се пријавуваат на vakcinacija.mk. По пријавата во рок до 10 дена треба да добијат СМС порака со закажан термин и да се јават во пунктот на Центарот за јавно здравје.

Доколку има пациенти кои се пријавиле и повеќе од 10 дена не добиле никаква информација за терминот, можат да се јават на телефонскиот број 02/ 15 444 за да се информираат во што е проблемот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous ГКК Охрид дома го пречекува МЗТ Скопје
Next Утре прекин во водоснабдувањето на улиците „Егејска“, „7 Ноември“ и „Марко Нестороски“

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.