Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 15. февруари 2023 (ИНПРЕС) – И оваа година охридскиот Центар за култура „Григор Прличев“ доби финансии од министерството за култура за реализација на три претстави на Народниот театар.
Согласно објавените резултати од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес одобрени се по 650.000 денари за театарските претстави „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет во режија на Сашо Миленкоски и „Несфатената цивилизација“ од авторот Добри Војников, во режија на Софија Ристеска Петрушева, додека 600.000 денари се одобрени за претставата „Серјожа е труп“, од Димитри Данаилов, во режија на Дејана Николовска.
Покрај тоа на Центарот за култура му се одобрени 1.000 000 денари за Балкански фестивал на народни песни и игри, а по 200.000 денари за Прличеви беседи и фестивалот „Охридски староградски средби“.
Одобрени се и 45.000 денари за реализација на проектот „Фузија“ на Христијан Томаноски од областа на визуелни уметности, архитектура и дизајн.
Во делот на инвестиции за националните установи, одобрени се 400.000 денари за тапацирање на столчињта во кино салата. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
