Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Тропски горештини на Балканот

Тропски горештини на Балканот

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 21.јули 2015 (ИНПРЕС) – Подрачјето на Балканот и денеска се наоѓа на удар на бран од тропски горештини, па властите им препорачуваат на граѓаните на земјите во регионот да бидат внимателни, особено оние што живеат во централните делови на поголемите градови.

Српскиот Републички хидрометеоролшки завод најави дека во текот на денов се очекува температурите во Србија да се искачат до 39-от степен, поради што е активиран црвен метео аларм.

Српските метеоролози најавуваат дека и во следните денови ќе биде сончево и многу топло со температури повисоки од просечните за овој период од годината.

Топлото време го зафати и најголемиот дел од Хрватска, иако минатата ноќ реонот на Горски Котар и одделни подрачја во Славонија беа погодени од невреме проследно со силен ветер и врнежи на дожд и град.

Метеролозите во Босна и Херцеговина, за денеска највуваат температури до 40-от степен, а црвен метео-аларм е прогласен за подрачјата на Бања Лука, Бихаќ, Вишеград, Мостар, Приједор, Сараево, Тузла и Фоча.

Босанските синоптичари предвидуваат дека вискоите температури ќе продолжат и во следните денови, како и дека се очекуваат многу топли ноќи.

Температури до 40 степени Целзиусови и црвен метоа-аларм се најавени и за делови на Црна Гора.

Црвениот метео-аларм означува „многу опасно време“ и дека се очекуваат појави што може да предизвикаат голема материјална штета или да бидат опасни по безбедноста на луѓето и животните.

Експерите предупредуваат на голема внимателност и на избегнување на дирекно изложување на сонце. Ова посебно се однесува на жителите на големите градови, во чии централни делови се создава ефект на „топлотен остров“, каде температурите се за неколку степени повисоки од околните подрачја.

Причина за ефектот на „топлотен остров“ се бетонските површини кои впиваат поголемо количество сончева ебергија, но и издувните гасови од фабриките и возилата.

Според Маја Жувела-Алојз од виенскиот Централен институт за метеорологија и геодинамика, колку е еден град поголем, толку се поглеми и „топлотни острови“. Овој ефект е дополнително изразен во пренаселените градски подрачја и во деловите каде нема доволно вегетација.

– Во такви средина постои опасност од зголемена смртност кај населението, а се намалува и работната продуктивност на жителите, наведува Жувела-Алојз.

Таа потсетува дека температурата на воздухот се мери под сенка во метеоролошките станици и ако таму термометрите покажуваат 35 степени, тогаш на централните градски улици температурите се повисоки за неколку степени.(Крај)

извор:Нетпрес фото:архива

Post navigation

Previous Грчката Влада нема намера да распише предвремени избори
Next Давутоглу ќе ја увиди ситуацијата со нападот во Санлиурфа

Слични вести

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник” 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”
1 min read

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид
1 min read

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88 Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88
1 min read

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.