Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Турција ја одбележува 77-годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк

Турција ја одбележува 77-годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк

1 min read

Анкара, 10. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Денеска, точно во 9.05 часот, сирените ќе ја означат годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современа и западно ориентирана Република Турција.

Во посочениот термин турските граѓани денеска со минута молк ќе ја одбележат 77-годишнината од смрта на својот историски лидер, а во текот на денот ќе има и други церемонии и настани, јавува БТА.

Во рамки на официјалниот протокол ќе се одржи поклонување во мавзолејот на Ататурк во Анкара и ќе се полагаат венци. Мавзолејот е отворен за посетители во текот на целиот ден.

Дворецот Долмабахче во Истанбул, каде на денешен ден во 1938 година починал Ататурк, вообичаено на 10 ноември е преполн со посетители. Собата во која тој починал е зачувана во нејзиниот автентичен изглед, а стрелките на часовникот се запрени на 9.05 часот. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous Земјите кандидати за членство во ЕУ ќе добијат петстепена оценка за напредокот
Next Николиќ: Борбата за Косово продолжува

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.