Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Укината правосилната пресуда за Санадер

Укината правосилната пресуда за Санадер

1 min read

Загреб, 24. јули 2015 (ИНПРЕС) – Уставниот суд во Загреб ја укина правосилната пресуда, со која поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е осуден на затворска казна од осум и пол години за случаите „Хипо“ и „Ина – Мол“.

Пред три дена во главниот хрватски град се одржала седница по повод уставната жалба на Санадер. Засега не е познато дали одлуката е донесена едногласно и какви последици ќе има од неа, но се’ поизвесно е дека судењето на Санадер по овој предмет ќе биде повторено.

Претходно, загрепскиот Жупаниски суд го прогласи поранешниот хрватски премиер за виновен за извршување на кривичните дела злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и го осуди на единствена казна затвор од осум и пол години. За виновни во најголемата корупциска афера во Хрватска „Фими медиа“ се прогласени и останатите обвинети, меѓу кои и партијата ХДЗ. (Крај)

извор: index.hr фото: архива

Post navigation

Previous Турски новинар отпуштен поради критики против Ердоган
Next Во Хрватска уапсена уште една жена за подметнување пожари

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.