Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Универзитетите ќе формираат Унија на синдикати во високото образоавние

Универзитетите ќе формираат Унија на синдикати во високото образоавние

1 min read

Битола, 21. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претседателите на синдикатите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, „Св. Климент Охридски“- Битола, „Гоце Делчев“- Штип, „Мајка Тереза“- Скопје, „Св.Апостол Павле“- Охрид и Универзитетот во Тетово, потпишаа иницијатива за формирање Унија на синдикати во високото образование.

– Синдикатите се задоволни од досегашните успешни синдикални активности, посебно во делот на законското решение и зголемување на платите на наставниот и ненаставниот кадар, и сметаат дека со формирање на Унијата ќе бидат уште поефикасни“, изјави за МИА, универзитетскиот професор Саша Дукоски, претседател на синдикалната организација при УКЛО-Битола.

– Во Битола одржавме успешен состанок во функција на работничките права. Учесниците од шесте државни универзитети, односно ние претседателите на соодветните синдикални организации, едногласно одлучивме за здружување и основање на Унија на синдикати на високото образование. На овој начин ќе може во иднина поефикасно да ги застапуваме и остваруваме работничките права, да помогнеме во унапредување на стандардот на вработените и да дејствуваме во подобрувањето на квалитетот на високото образование во интерес на студентите, истакна Дукоски.

Иницијативата е успешна, документацијата е комплетирана, претстои регистрирање на Унијата на синдикати во високото образование, а потоа и промоција која најверојатно ќе се одржи во Охрид, најави Дукоски.

– Синдикатите на државните универзитети остануваат посветени на парадигмата дека нема прогрес без достоинствена плата и работни услови, ниту автономија и слобода на мислата и говорот во академијата без достоинствен живот, што е силен мотив за синдикалните напори на универзитетите во државата. УКЛО преку својот синдикат, овие постулати силно и активно ги поддржува“, посочи универзитетскиот професор Дукоски. (Крај)

извор: МКД фото: архива

Post navigation

Previous Донесени владини мерки за намалување на аерозагадувањето
Next Објавени предлог-идеите од областа на културата што ќе бидат финансиски поддржани од Општина Охрид

Слични вести

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник” 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”
1 min read

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид
1 min read

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88 Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88
1 min read

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.