Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утревечер годишен концерт на Ансамбл Билјана – Охридска визита „Една песна, една приказна“

Утревечер годишен концерт на Ансамбл Билјана – Охридска визита „Една песна, една приказна“

1 min read

Охрид, 4. септември 2023 (ИНПРЕС) – Утревечер во предворјето на катедралната црква „Св. Софија“, по единесетти пат ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Ансамбл Билјана.

Оваа година настанот ќе има еден малку поинаков концепт – „Една песна една пиказна“. Ќе бидат представени неколку приказни за Охрид и неговата музичка историја, а наратор ќе биде Проф. Валентина Божиновска. Гости на годинешниот концерт ќе бидат Мартина Максимовска, професор по народно пеење и член на националниот ансамбл „Танец“ и Мухамед Бајрам од групата „Цар Самоил“, професор по виолина.

Ансамблот Билјана, како четврта трубадурска генерација во нашиот град тежнее кон зачувување и продолжување, а воедно и унапредување на музичката традиција. Настанот започна како чествување на шеесет години од формирање на ансамблот од страна на Кузман Поп-Стефанија и континуирано се одржува до денес како обид за зачувување на духот на охридската староградска песна.

Концертот ќе започне во 20:00 часот, а билетите кои чинат 200 денари и се продаваат во ограничен број, можете да ги резервирате на телефонскиот број 075/895-405 и ќе се подигнуваат на влез, еден час пред почетокот на концертот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Со претставата „Сергеј е многу глупав“ охридскиот театар во четврток ја започнува новата сезона
Next Во среда и четврток втор уписен рок на ФТУ, слободни се 193 места

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот
1 min read

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.