Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Струга, 5. јуни 2026 (ИНПРЕС) – По повод одбележувањето на Денот на Европа, утре ќе се одржи меѓународна велосипедска тура на која ќе учествуваат околу 80 велосипедисти и дипломатски претставници.

Турата, но и останатите активности првично беше предвидена за 16. мај, но беше поместена поради временските услови.

Велосипедската рута ги поврзува Струга, Поградец и Охрид преку настан фокусиран на прекугранична соработка, одржлива мобилност и активни јавни простори.

– Поминувајќи низ три града и две држави, турата ги собира велосипедистите, институции, партнерите и гостите околу Охридското Езеро за целодневно движење и активности, велат организаторите.

Стартот на турата е пред зградата на Општина Струга (10:30 до 11:30 часот). Учесниците ќе се движат по улиците „Владо Малески“ и „Маршал Тито“ во правец кон граничниот премин Ќафасан. Во Охрид ќе бидат во попладневните часови (15:15 до 16:30 часот), а ќе се движат по булеварот „Св. Наум Охридски“, булеварот „Туристичка“, булеварот „Македонски Просветители“ и Градскиот плоштад. Потоа се враќаат во Струга во периодот од 15:45 до 17:30 часот.

Паралелно со турата, во Паркот на поезијата во Струга од 12:00 часот ќе се реализира целодневна програма за целата заедница – работилници, базар на мали бизниси, детски зони, музичка програма, друштвени игри и активности на отворено. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
Next Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво

Слични вести

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво
1 min read

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво

Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.