Охрид, 20. мај 2026 (ИНПРЕС) – Во петок, 22 мај, во периодот од 10:00 до 16:00 часот ќе се одржи Отворен ден во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Охрид.
Посетителите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со условите за настава, современо опремените кабинети и практичната работа што се реализира во училиштето.

Оттаму додаваат дека во текот на денот ќе бидат претставени сите образовни профили и струки, како и можностите што ги нуди дуалното образование преку соработка со партнерски компании. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
