Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре ќе биде доделена наградата за најдобра детска песна „Тоде“

Утре ќе биде доделена наградата за најдобра детска песна „Тоде“

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 6. март 2023 (ИНПРЕС) – Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ утре свечено ќе ги додели наградите и ќе ги прогласи победниците на конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“, во чест на поетот и писател за деца, Тоде Илиевски.

На конкурсот пристигнале вкупно 96 творби од исто толку автори. Жирито во состав: Горјан Петревски, Николина Андова Шопова и Живко Грозданоски, ќе ги издвои трите најдобри песни, за кои се предвидени и парични награди:

9.000 денари – I место;
6.000 денари – II место;
3.000 денари – III место.

– Утре навршуваат 71 година од раѓањето на Тоде Илиевски, поет и писател за деца и млади, хуморист, сатиричар, енигматичар, шаховски проблематист и воопшто, вљубеник во игрите. Самиот настан ќе има многу поезија, негова и на учесниците на конкурсот, а ќе може да се ѕирне и во неговата последна збирка за деца „Белиот предел“, велат од Креативна верига“.

Додаваат дека наградените песни и песните што ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат објавени во шестиот број на електронското списание „(е)Лит“.

Настанот ќе се одржи во просториите на Библиотеката „Григор Прличев“, со почеток во 13:00 часот, а истиот е организиран со поддршка од Општина Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Жителите од улица „Илинденска“ во Велгошти неколку часа без вода
Next Одлични резултати на охридските гимназијалци на регионалниот натпревар по математика

Слични вести

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот
1 min read

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват
1 min read

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.