Атина, 20. април 2015 (ИНПРЕС) – Договор меѓу Грција и Русија за гасоводот “Турски поток” ќе има и ќе биде потпишан утре, изјави грчки официјален претставник.
Портпаролот на Кремљ ова го негира.
Изворот од соседна Грција тврди дека договорот ќе биде потпишан во Атина и ќе и’ донесе на Грција околу 5 милијарди евра.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле коментира дека ваквата трансакција нема да ги реши финансиските проблеми на Грција.
Гасоводот, проектиран на местото на “Јужен поток”, е планиран да ја заобиколи Бугарија преку Црното Море, Турција и Грција. Реализацијата му е сеуште под прашање поради недоразбирања меѓу руската и турската влада за цената на гасот. (Крај)
извор: balkaninsight фото: архива
