Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Учебната година за средношколците завршува утре, за основците на 14-ти јуни

Учебната година за средношколците завршува утре, за основците на 14-ти јуни

1 min read

Скопје/Охрид, 8. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Наставата од учебната 2022/2023 година утре, 9-ти јуни, завршува за средношколците, а учениците во основните училишта до летниот распуст ќе одработат уште три дена – последниот училиштен ден за нив е в среда, 14-ти јуни.

Пролонгирањето на учебната година за основците се должи на продолжениот зимски распуст заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата, така што второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари почна на 23 јануари.

Датумите се наведени и во изменетите календари на МОН за организација на работата за оваа учебна година кои им се доставени на училиштата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Над 190 правници и судски експерти во Охрид, дебата на тема „Заштита на лични податоци“
Next Попоски: Ќе имаме доста нестабилно лето и без поголеми топлотни бранови (Видео)

Слични вести

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“ Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.