Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Уште 13 лица добија сертификати за лични асистенти на лица со попреченост

Уште 13 лица добија сертификати за лични асистенти на лица со попреченост

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид,8. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Уште 13 кандидати успешно ја завршија обуката за лични асистенти на лица со попреченост, во рамки на програмата на Црвен крст Охрид „Лична асистенција на лица со попречесност“.

– Кандидатите кои успешно го положија финалниот испит се стекнаа со основните познавања за видовите на попреченост, видови помагала и нивна примена, помош на работно место, образовен процес и помош во заедницата на лица со попречесност, како и помош на корисникот во домот и начинот на комуникација со лицата со попреченост, информираат од охридскиот Црвен крст.

Сертифицираните лични асистенти ќе бидат дел од Нега центарот при Црвен крст Охрид, кој како провајдер на социјални услуги ја нуди услугата лична асистенција на лица со попреченост на територија на општина Охрид.

– Услугата за лична асистенција има за цел да придонесе кон независно и самостојно живеење на лицата со попреченост и нивно активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина. Исто така, оваа социјална услуга им овозможува на лицата со попреченост слобода на избор и независно водење на личниот живот со цел да ја компензираат својата попреченост делегирајќи ги своите задачи на други лица, додаваат од организацијата.

Корисници на оваа социјална услуга се лица со потешка и најтешка телесна попреченост и лица со целосно оштетен вид на возраст од 6 години и возрасни лица. Услугaта на локално ниво се реализира во соработка и со поддршка од Министерството за труд и социјална политика и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Утре ќе бидaт одбележани 80 години од смртта на Кирил Прличев
Next Пристигнаа налепниците со „NMK“, од утре започнува дистрибуцијата до станиците за технички преглед

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.