Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Факти за пожарникарството во Охрид

Факти за пожарникарството во Охрид


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 20. мај 2024 (ИНПРЕС) – Во Охрид првите контури на противпожарно делување датираат уште од 1886 година, кога се создадени маалски организации во реонот Варош, во црквите Св. Никола Геракомија, подоцна Св.Климент и Св. Богородица Каменско.

Во овој период се создава интерес за набавка на опрема со што од народот се собрани финансиски средства за да се набават пумпи. Со првите средства набавена е пумпа од австриско производство, околу 60 метри црева и една млазница. Набавката на оваа пумпа, по кажувањата на поп Наум Маленко, датира од 1904 година.

Првото доброволно друштво во Охрид е формирано во 1933 година предводено од доктор Башчанџија. Од 1937 година издејствува и патничко возило шевролет да се пренамени во противпожарна. Во 1938 друштвото добива и униформи за поактивните членови.

По ослободувањето на Охрид друштвото продолжува со работа и во тој период се формирани и други доброволно друштва во Велгошти Пештани и Љубаништа во 1948 година и подоцна во селата Веластво Рамне Трпејца, Коњско, Елшани и други.

Противпожарниот дом во кој и денес е сместана Територијалната противпожарна единица е започнат со градење во 1953 година, а пуштен е во функција во 1958 година.(Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Охридските пожарникари свечено го одбележаа 20-ти мај, Денот на пожарникарите (Фото/Видео)
Next Јанкулоски: Противпожарен пловен објект и натаму болна точка за Охрид, да се набави што поскоро

Слични вести

Атлетичарите Стефановски и Љушев со одлични резултати на турнирот и националниот Куп во Скопје Атлетичарите Стефановски и Љушев со одлични резултати на турнирот и националниот Куп во Скопје

Атлетичарите Стефановски и Љушев со одлични резултати на турнирот и националниот Куп во Скопје

Таеквондисти од МТТФ учествуваат на Европско ИТФ првенство во Грција Таеквондисти од МТТФ учествуваат на Европско ИТФ првенство во Грција

Таеквондисти од МТТФ учествуваат на Европско ИТФ првенство во Грција

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.