Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Фекалии од Јадранско море регистрирани на снимки од вселената

Фекалии од Јадранско море регистрирани на снимки од вселената


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Загреб, 10. септември 2019 (ИНПРЕС) – Фекалиите во хрватскиот дел од Јадранот се видливи од вселената, пренесуваат хрватски медиуми.

Загадувањето на Јадранот има такви размери што фекалии близу Водњан, во Истра, се регистрирани дури и на снимки од вселената.

Експертите се согласуваат дека местата што се гледаат на сателитските слики на „Гугл мапс“ во областа недалеку од канализацијата кај Водњан, најверојатно, потекнуваат од фекалии. Тие се видени на подрачјето околу Перој во Истра, на околу четири километри западно од Фажан, а нешто помалку северно од Бриони.

Проблемот е алармантен, бидејќи фекалии се шират кон Националниот парк Бриони.

Според Индекс, локалните власти се жалат на стариот систем за третман на отпадни води и најавуваат изградба на нов систем. Но, професионалните нуркачи посочуваат дека градежниот проблем би можел да биде што инсталирањето на еден метар цевка на длабочина од 50 метри чини околу 1.000 евра.

Загадувањето со фекалии не е случајност, туку масовен феномен, велат еколозите и предупредуваат за сличен проблем со испуштање канализација во Паг. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Post navigation

Previous Бутарис: Договорот од Преспа мора да се почитува
Next „Адриа ервејс“ привремено ги откажа сите летови од и до Скопје

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.