Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Бањалука, 3. декември 2014 (ИНПРЕС) – Заменик-амбасадор на Амбасадата на САД во БиХ, Николас Хил рече дека што побрзо формирање на стабилна влада, ќе обезбеди стабилна власт над институциите на сите нивоа.
Тој изрази надеж дека политичарите ќе бидат фокусирани на подобрување на економската ситуација во БиХ. Хил рече дека претседателот на Република Српска, Милорад Додик можел да го блокира процесот на реформи во БиХ.
Тој истакна дека Амбасадата на САД во Босна и Херцеговина е многу заинтересирана и ја следи ситуацијата во врска со формирањето на владата. (Крај)
извор: Б92 фото: архива
