Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на 5-ти ноември повторно на репертоарот на Народен театар Охрид

Хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на 5-ти ноември повторно на репертоарот на Народен театар Охрид

1 min read
Хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на 5-ти ноември повторно на репертоарот на Народен театар Охрид

Охрид, 29. октомври 2024 (ИНПРЕС) – Хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски, на барање на публиката следниот вторник, 5-ти ноември повторно на репертоарот на Народен театар Охрид.

Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак.

Ова е прва изведба на претставата по добиената награда на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово, на актерката гостин Марија Новак, за најдобра споредна женска улога за ликот на Косара.

Почетокот на претставата е во 20:00 часот. Цената на билетот е 300 денари. Билетите од денес се пуштени во продажба. Билетарата работи секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот и од 13:00 до 20:00 часот на денот на изведбата на претставата. Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Теквондистот Давид Крстески највисоко на пиедесталот и на „Дубровник Опен 2024”
Next Метар квадратен во „Белград на вода“ 9.125 евра, најскапиот платен паркинг 60.000 евра

Слични вести

Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето во Пештани Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето во Пештани

Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето во Пештани

Ќе се избираат нови основни јавни обвинители во неколку обвинителства меѓу кои и охридското Ќе се избираат нови основни јавни обвинители во неколку обвинителства меѓу кои и охридското

Ќе се избираат нови основни јавни обвинители во неколку обвинителства меѓу кои и охридското

„Парламентарен караван“ следната недела во Охрид „Парламентарен караван“ следната недела во Охрид

„Парламентарен караван“ следната недела во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.