Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Хорот при ОУ „Христо Узунов“ освои прва награда на Државен натпревар во Кавадарци

Хорот при ОУ „Христо Узунов“ освои прва награда на Државен натпревар во Кавадарци

Хорот при ОУ „Христо Узунов“ освои прва награда на Државен натпревар во Кавадарци

Охрид, 7. мај 2026 (ИНПРЕС) – Хорот при ОУ „Христо Узунов“ под менторство на наставникот Бојан Лушкоски освои прва награда на Државниот натпревар по хор и оркестар што се одржа вчера во Кавадарци.

Со освоени 99 поени хорот го освои првото место во категоријата хорови од основно училиште.

– Со прецизна изведба, музикалност и силна сценска изразност, хорот ги воодушеви членовите на жирито и публиката, оставајќи силен впечаток уште од првите ноти. Дополнително, хорот освои најмногу поени од сите учесници на натпреварот, што претставува особено значајно признание за квалитетот на изведбата. Овој резултат е потврда за посветената работа, талентот и тимскиот дух на сите членови. Овој успех не е само награда, туку и мотив за понатамошни достигнувања и унапредување на хорската уметност, велат од училиштето.

Претходно пак, на одржаните регионалните натпревари во категорија вокални солисти, Михаела Танеска и Ана Ничевска со 97 поени и Бојана со 91 поен освоија први награди. Танеска и Ничевска со својот резултат обезбедија учество на државниот натпревар што ќе се одржи на 14 мај во Штип. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Вечерва завршен матурски концерт на младиот охридски музичар Ѓоко Чеменкоски
Next Велосипедска тура околу Охридското Езеро на 16 мај по повод Денот на Европа

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.