Загреб, 3. август 2014 (ИНПРЕС) – Хрватска побара финансиска помош од Фондот за солидарност на Европската унија за справување со штетите од поплавите во мај, кои зафатија повеќе области во земјата.
Вкупните штети од природната непогода изнесуваат 297,6 милиони евра. Фондот има за цел да обезбеди финансиска помош при природни катастрофи од поголеми размери за регионите во Европа.
Беше создаден по големите поплави во текот на летото 2002 година Оттогаш средства од фондот се користени за 56 различни катастрофи, вклучувајќи поплави, пожари, земјотреси, урагани и суша. (Крај)
извор: Хина фото: архива
