Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 24. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Лидерот на грчката левичарска партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, изјави дека апсолутното мнозинство на утрешните избори ќе му ги „одврзе рацете“ за повторни преговори и олеснување на грчкиот долг.
– Апсолутното мнозинство ќе ми ја даде „потребната сила и ќе ми одврзе рацете за преговори“ со европските партнери на Грција, рече Ципрас.
Според него така земјата ќе си го врати достоинството, и повеќе нема да биде управувана со „пораки испратени од подредени вработени во ЕУ“.
Пред гласањето, социолозите и` даваат предност на СИРИЗА со повеќе од 5% пред конзервативните ривали од „Нова демократија“.
– На денот по изборите веќе нема да има „тројка“, рече Ципрас, мислејќи на ЕУ, ММФ и Европската централна банка. „Ние ќе направиме се` што е потребно за да го заштитиме достоинството на нашиот народ“, увери 40-годишниот Ципрас, според кој ова е прва од ваков вид можност за левицата, но може да биде последна шанса за Грција. (Крај)
извор: АФП фото: архива
