Подгорица, 19. декември 2015 (ИНПРЕС) – Владата на Црна Гора усвои одлука за воведување меѓународни рестриктивни мерки утврдени со одлуката на Советот на Европската Унија, со која забранува увоз и извоз од Крим и Севастопол, јавуваат црногорските медиуми.
Мерките, како што се наведува во соопштението објавено вчера, се одговор на незаконската анексија на Крим.
– Се забранува увоз во Црна Гора на стока со потекло од Крим или од Севастопол. Се забранува, директно или индиректно, финансирање, односно пружање финансиска помош, осигурување и реосигирување, поврзано со увоз на стока со потекло од Крим или Севастопол. Се забранува свесно и намерно учествување во активности чија цел или последица е непочитување на забраните, се вели во одлуката. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива
