Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Хаг, 4. март 2016 (ИНПРЕС) – Обвинетиот во Хаг за воени злосторства во војните во поранешна Југославија и челник на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, потврди дека е покрената постапка за негово предавање на Меѓународниот суд за воени злосторства на територијата на поранешна СФРЈ.
Тој порача дека ќе ја почитува судската процедура во Србија, но дека доброволно нема да замине во Хаг.
На редовната прес-конференција на неговите радикали, Воислав Шешељ изјави дека му е предадена судска покана да, по налог на Жалбениот совет на Хашкиот трибунал, на 10-ти март, како обвинет да се појави пред Вишиот суд во Белград.
Хашкиот трибунал претходно од српските власти побара да обезбедат присуство на Шешељ при изрекувањето на пресудата, закажана за 31-ви март. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива
