Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во Струга

Јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во Струга

1 min read
Јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во Струга

Струга, 15. септември 2023 (ИНПРЕС) – Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) организира јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III-Споменик на природата.

По јавната расправа која вчера се одржа во големата сала на Општина Охрид, денеска, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи расправа и во Општина Струга.

Од министерството информираат што содржи актот за прогласување на заштитеното подрачје Охридско Езеро:

– назив на заштитеното подрачје или природната реткост,
– категорија на заштита за заштитеното подрачје, географски карактеристики и други основни обележја,
– картографски приказ со граници на заштитеното подрачје
– граници на зоните кои постојат во рамките на заштитеното подрачје,
– типови на зони во заштитеното подрачје,
– режим на заштита и
– субјект кој ќе управува и други прашања утврдени со актот за прогласување.

Нацрт законот за прогласување на Охридско Езеро за Споменик на природата е изработен согласно Студијата за валоризација која ги детерминира природните вредности на подрачјето.

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Мото дефиле на моторциклисти од ИПА асоцијацијата во Охрид
Next Охрид најубав: 15. септември 2023 година

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.