Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Јован Јованов со прва соло песна по 17 години – „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скопје

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години – „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скопје

1 min read
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години – „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скопје

Скопје, 16. февруари 2026 (ИНПРЕС) – „Не ти стои“ е насловена новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 17 години.

Оваа песна доаѓа откако Јован се врати на сцената, прво со ремиксот на култната „Магија“ во соработка со Пајак, а потоа и  „Адреналин“, дуето со Елвир Мекиќ.

„Не ти стои“ е комплетно авторско дело на Јован – тој ги напиша музиката, текстот, а стои и зад аранжманот на песната.

– Среќен сум што после толку години направив песна која се надевам ќе им се допадне на оние што растеа со моите песни, но и на помладите, кои денес ја откриваат музиката од тоа време. И сигурен сум дека заедно ќе ја пееме песната на концертот во јуни, вели Јованов.

Нашиот пејач веќе некое време е фокусиран на големиот концерт што заедно со Елвир Мекиќ ќе го одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 6-ти јуни.(Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охридското Езеро на 16 сантиметри над просекот
Next МЗ: Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Влада

Слични вести

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија
1 min read

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.