Вашингтон, 22. април 2015 (ИНПРЕС) – Во време кога Грција губи пари, грчките контролори вчера се сретнаа со шефот на рускиот енергетски гигант „Газпром“ Алексеј Милер, предизвикувајќи шпекулации за можен договор меѓу Атина и Москва за гасоводот вреден неколку милијарди долари.
Изданието нагласува дека преговорите се случуваат во критичен момент кога ЕУ го обвини „Газпром“ за злоупотреба на монополската положба, а Грција се обидува да договори нов аранжман со доверителите.
Премиерот Алексис Ципрас вчера се сретна со шефот на „Газпром“ Алексеј Милер, кој пак претходно имаше средба и со грчкиот министер за енергетика, Панајотис Лафазанис. Портпаролот на министерот за енергетика рече само дека двајцата разговарале за „прашања за енергетска соработка“, додека кабинетот на Ципрас остана без коментар, потсетува весникот.
– Русија и Грција имаат финансиски и политички причини за спроведување на ваквите разговори. Во случајот со „Газпром“ ќе се направи обид да се преенсе природен гас во Европа, заобиколувајќи ја Украина, која сега е непријател на Русија. За Грција таков гасовод теоретски може да генерира милијарди евра приход секоја година. Владата на Ципрас продолжува да сигнализира дека може да се сврти кон Русија, ако Грција, која е опасно блиску до недостиг на пари, не успее да воспостави нови односи со европските кредитори, пишува „Њујорк тајмс“.
Изданието додава дека грчки функционери во петокот во Рига ќе се состанат со доверителите. (Крај)
извор: АФП фото: АП
