Приштина, 6. јуни 2015 (ИНПРЕС) – „Ако не може да дојдете во редовите на ИСИС тогаш поставувајте експлозиви каде што живеете, ставајте отров во храната на неверниците“, е порака која на босански јазик ја упатува припадник на групацијата Исламска држава во последното видео кое го објавија исламските џихадисти, а е посветено на Балканот.
Видеоснимката која се вика „Честа е во џихадот, порака до Балканците“ е објавена и на неа исламистите од ИСИС ги повикуваат балканските муслимани од Македонија, Косово, Албанија и од Босна и Херцеговина да им се придружат или да изведуваат акции во своите држави. (Крај)
извор: Телма фото: архива
