October 30, 2014

Подгорица, 30. октомври 2014 (ИНПРЕС) – „Парадата на гордоста“ во Подгорица, планирана за 2. ноември, ќе ја обезбедуваат 1.800 полицајаци, јавуваат црногорските медиуми.

„Парадата“ ќе започне од пред хотелот „Црна Гора“ и ќе се движи до старата зграда на Владата на Црна Гора, како и претходните години, затоа што оваа маршута е најлесна за обезбедување.

Властите во Црна Гора ги повикаа граѓаните да бидат толерантни кон учесниците во „парадата“. Митрополитот на Српската православна црква во Црна Гора Амфилохиј изјави дека не станува збор за „Pарада на гордоста“, туку за „парада на смрттa и човечкото самоуништување“.

Црногорската ЛГБТ заедница го прогласи Амфилохиј за „хомофоб на годината“, на што митрополитот се заблагодари со зборовите дека тоа му е најмилото „признание“. (Крај)

извор: Вијести фото: архива