Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вевчани пулсира во знакот на традиционалниот карневал

Вевчани пулсира во знакот на традиционалниот карневал

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Вевчани, 13. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Со дефиле на маските кога двете василичарски друштва од Горна и Долна маала, ќе се сретнат сред село, официјално започнува Вевчанскиот карневал.

Со традиција од повеќе од 1.500 години вевчанци преку маските „го бркаат злото“.

Годинашниот слоган е „Спремете ги суратите“. Музичката програма започна синоќа, а ќе кулминира вечерва со настапите на Баклава, Банда Ентопика од Грција, Нино Величковски и Кумановските тамбураши, Некст тајм и локалниот уметник Перо Бели.

Манифестацијата завршува утре, со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.

Вевчанскиот карневал, според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски. Тој е еден од најпознатите брендови на Република Македонија од овој вид, кој традиционално се одржува на 12-ти, 13-ти и 14-ти јануари. Така е со векови, а можеби и со милениуми, една од најстарите традиции на Македонија и Вевчани која се претпоставува дека има континуитет најмалку 1.500 години. Постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2.200 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи. Традиционално, учесниците се обидуваат да избегнат воведување на современи карневалски елементи, но веќе години наназад има и богата музичка програма. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Вевчани подготвено, започнува Вевчанскиот карневал
Next Македонските ракометари против Норвешка стартуваат на Светското првенство

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.